Барселона приреди вистинска сензација во Атина, откако по голем пресврт го совлада Панатинаикос со 76-74 во дербито од 11. коло во Евролигата.
Каталонците се вратија од двоцифрена негатива во последната четвртина, а херој на гостите беше Џастин Робинсон, кој со тројка на 4,4 секунди пред крајот ја замолкна преполната ОАКА.
Панатинаикос имаше одлична позиција за триумф и во завршните десет минути влезе со предност од 57-43. Домашниот состав ја имаше контролата над играта, а на нешто повеќе од пет минути пред крајот водеше со десет разлика. Се чинеше дека прашањето околу победникот е решено, но тогаш започна шоуто на Робинсон.
İNANILMAZ BİR SON! 🔥 Justin Robinson, maçı takımına kazandırıyor! 🤯🤯 https://t.co/maR8Pza69g
— EuroLeague Türkiye (@EuroLeagueTUR) November 13, 2026
Американскиот кошаркар ја презеде одговорноста во клучните моменти, постигнувајќи дури 16 поени во последните пет и пол минути. Со поддршка од Мартин, Барселона постепено ја топеше негативата, за на крајот да стигне до целосен пресврт и голема победа на гостински терен.
Робинсон го заврши натпреварот со 24 поени и беше најзаслужен за триумфот на каталонскиот тим. Мартин придонесе со 13 поени, шест скока и три асистенции. Кај Панатинаикос, Кендрик Нан беше најефикасен со 19 поени, шест скока и три асистенции, но имаше и четири загубени топки. Силвен Франциско постигна 17 поени, додека Хејс-Дејвис заврши со девет поени и шест асистенции.
Тимот од Атина не успеа да ја искористи ниту предноста на домашниот терен, ниту убедливото водство во последниот период. Барселона, пак, и покрај кадровските проблеми и отсуствата на Кевин Пантер и Тосан Ебуоман, покажа карактер и стигна до осмата победа сезонава – ист број триумфи колку што има и Панатинаикос.
За Барселона ова е осма победа по ред во сите натпреварувања и четврта во низа во Евролигата. Со неа се израмни со Панатинаикос со биланс 8/3, исто колку што има лидерот Валенсија и третопласираниот Олимпијакос.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Виртус 103-91
Панатинаикос – Барселона 94-96
Асвел – Бешикташ 91-95


