Атанасиј Трајанов покажа дел од својот огромен атлетски потенцијал и приреди вистинско шоу со атрактивни забивања во натпревар од Првата лига.
Младиот кошаркар на Водно Санс, кој настапува за овој клуб со двојна регистрација од Работнички, привлече внимание со своите физички предиспозиции и спектакуларните завршници над обрачот. Водно Санс со 110-95 го совлада Младинец, а крилниот играч беше меѓу најзаслужните за триумфот со кој неговиот тим се зацврсти на втората позиција во Групата А од Првата македонска кошаркарска лига.
Трајанов важи за еден од најталентираните, но и најатрактивни млади македонски кошаркари, а неговата атлетичност и скокачки способности се особено впечатливи. Станува збор за младински репрезентативец кој има настапи за Македонија во категориите до 18 и до 20 години.
Атракциите на Трајанов можете да ги погледнете на овој ЛИНК.


