Феникс Санс оствари значајна победа на гостувањето кај Денвер Нагетс со 117-105, нанесувајќи му уште еден тежок пораз на шампионот од 2023 година.
Иако Никола Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 28 поени, нивниот индивидуален учинок не беше доволен за Денвер да избегне пораз пред домашната публика.
Најзаслужен за триумфот на Феникс беше Девин Букер со 20 поени, осум асистенции и четири скока. Значаен придонес имаа и Џејлен Грин и Мајлс Бриџис, кои постигнаа по 16 поени, додека Дилон Брукс додаде 15.
Она што особено ја одбележа играта на гостите беше тимскиот пристап. Дури седум кошаркари на Феникс ја завршија средбата со двоцифрен број поени, што беше еден од клучните фактори за убедливата победа. Од другата страна, Јокиќ повторно беше најдобриот поединец во редовите на Денвер. Српскиот центар натпреварот го заврши со 28 поени, 15 скока и седум асистенции, но имаше и седум загубени топки.
Денвер подобро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 24-20. Сепак, Феникс одговори во вториот период, ја презеде контролата и на полувремето замина со предност од 56-53. Клучната разлика беше направена во третата четвртина, во која гостите беа подобар противник и дополнително ја зголемија предноста. Пред последните 12 минути Феникс имаше осум поени позитива, а во завршницата успеа и дополнително да се одлепи.
Особено важна беше и доминацијата на гостите во скок-играта. Феникс имаше дури 60 скока, наспроти 42 на Денвер, додека резервните кошаркари на Санс постигнаа 42 поени, за разлика од само 19 на клупата на Нагетс.
Со оваа победа Феникс ја забележа првата победа на гостински терен во сезоната и стигна до скор од шест победи и седум порази. Денвер, пак, го претрпе петтиот пораз во сезоната и сега има учинок од седум победи и пет порази.
РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Орландо 105-115
Кливленд – Чикаго 126-118
Вашингтон – Мемфис 120-136
Бруклин – Филаделфија 122-136
Мајами – Хјустон 128-110
Минесота – Портланд 106-98
Њу Орлеанс – Голден Стејт 115-94
Денвер – Феникс 105-117


