По одложувањето на натпреварите од првото коло, АБА лигата ќе продолжи со второто коло во планираните термини.
Во меѓувреме се финализирани и работите околу листата на судии за новата сезона, со што се создадени услови за непречено одвивање на натпреварите. Судиите кои стапија во штрајк не успеаја да се договорат со челниците на лигата за зголемување на нивните хонорари и тие ќе бидат заменети.
Од идната недела стартува и АБА 2 лигата, исто така второто коло што значи дека полека за настап треба да се подготвуваат МЗТ Скопје и ТФТ.
Термините за одложените натпревари од првото коло на АБА и АБА 2 лигата дополнително ќе бидат објавени.


