Милвоки Бакс оствари исклучително важна победа во борбата за годниот дел од табелата во Источната конференција откако вечерва славеше во дуелот со Филаделфија со 135-127.
Триумфот добива на значење поради отсуството на Јанис Адетокунбо кој ќе биде надвор од тимот десетина дена, а апсолутен херој на Бакс е Дејмијан Лилард. Иако против себе ги имаше разиграните Макси и Ембид кој заедно постигнаа 66 поени, искусниот плејмејкер го одведе Милвоки до посакуваната победа.
За безмалку 44 минути на теренот, Лилард постигна 43 поени, 8 асистенции и 7 скока што имаше поголемо значење отколку ефектот на противничките ѕвезди. Му помогнаа Трент со 23 и Портис со 18 поени и 13 скока.
Филаделфија со третиот пораз по ред испушти шанса да му се доближи на Чикаго на десеттата позиција на табелата на Истокот.


