Во обид да избегне испаѓање од Првата лига, Академија ФМП се засили со двајца српски интернационалци, на ден пред крајот на преодниот рок во Првата лига.
Нови играчи на тимот од Кисела Вода се 30-годишните Лука Дмитровиќ и Јован Дурашевиќ кои заедно со Алекс Сантана и Џастин Робертс го сочинуваат квартетот странци. Двајцата имаат богато интернационално искуство, Дмитровиќ настапувал во Црна Гора, Словачка, Шпанија и САД, а Ѓурашевиќ во Унгарија, Романија и БиХ. Дмитровиќ е крило, а Ѓурашевиќ ја покрива бековската позиција.
Покрај двајцата српски кошаркари, Академија ФМП неодамна се засили и со Предраг Пајиќ и во финишот од сезоната ќе се обиде да избори опстанок во елитната конкуренција.


