Екипата на Академија ФМП оствари исклучително важна победа во обидот да избори опстанок во елитната конкуренција откако вечерва на домашен терен го победи Охрид со 75-61.
Интересен момент е тоа што во составот на домашниот тим имаше само осум, а на гостинскиот тим девет кошаркари поради што двајцата тренери немаат многу простор за маневар. Охриѓани се без странските кошаркари и со овој пораз се на работ на испаѓање бидејќи заостануваат еден бод Вардар и Академија ФМП, а скопските екипи играат меѓу себе во следното коло.

И покрај големите проблеми, Охрид се држеше во првото полувреме кое заврши нерешено (37-37). Израмнето беше и во првите три минути од третата четвртина, а потоа Академија ФМП направи серија и отиде на +10 (51-41). Отпорот на гостинскиот тим конечно беше скршен во последниот квартал, по серијата од 8-0.
Димитровиќ со 19 поени, 10 скока и 5 асистенции беше најдобар играч во тимот на Академија ФМП, додека Волканоски со 12 поени го предводеше Охрид.


