Довчерашниот играч на Партизан и српски репрезентативец Алекса Аврамовиќ од денеска официјално е нов член на најтрофејниот руски клуб ЦСКА.
Такво нешто беше најавено уште пред две недели, но доби потврда на ден пред почетокот на Олимписките игри на кои ќе настапи и 29-годишниот плејмејкер. Аврамовиќ потпишал договор на две сезони, а ќе стапи на сила веднаш штом пристигне во Москва и ги помине лекарските прегледи.
„Среќен сум што се селам во ЦСКА и што ќе играм во клуб со богата историја. Едвај чекам да почне сезоната“, изјави Аврамовиќ.
Трансферот во ЦСКА значи дека тој претстојната сезона нема да игра во Евролигата, но и ВТБ лигата ќе биде огромен предивик имајќи го предвид нејзиниот квалитет последните години. Русија ќе биде нова станица во неговата кариера откако пред да дојде во Партизан настапуваше во Италија и Шпанија.


