Партизан веќе го напуштија неколку кошаркари, а не е исклучено летово да си замине и репрезентативецот Алекса Аврамовиќ.
Иако има важечки договор со „црно-белите“, искусниот плејмејкер е интересен за новиот евролигаш Париз каде игра и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Најавено е дека тренерот Томас Исало ќе замине во НБА, на негово место е пикиран Петар Божиќ, а тој има желба да го донесе Аврамовиќ.
Засега се е на ниво на шпекулации бидејќи не е јасно ни што ќе се случува со Исало, односно дали тој ќе ја прифати понудата од НБА. Во секој случај, на Париз му е потребно засилување на плејмејкерската позиција, со оглед на тоа што претстојната сезона ќе му биде напорна со настапот во Евролигата и фактот што ќе одигра над 70 натпревари.


