Еден од најискусните стручњаци на македонската кошаркарска сцена Александар Петровиќ во новата сезона ќе биде тренер на Пелистер.
Со тоа, тој се враќа во домашната кошарка по пауза од 18 месеци откако последниот ангажман го имаше на клупата на МЗТ Скопје во сезоната 2022/23. Исто така, повторно ќе го води Пелистер на чија клупа беше пред 16 години и се задржа само една сезона.
Ангажманот на Александар Петровиќ значи дека Пелистер ја прекинува соработката со Дарко Радуловиќ кој минатата натпреварувачка кампања го однесе тимот во две финалиња – од Купот на Македонија и во домашниот плејоф, но во двете натпреварувања загуби од МЗТ Скопје. Во конкуренција за тренерската позиција беа уште неколку познати имиња на домашната сцена, но изборот падна на 52-годишниот Петровиќ.


