Српскиот стручњак Душан Алимпијевиќ би можел да се врати во Евролигата по пауза од седум години и тоа како тренер на турскиот гигант и двоен европски шампион Анадолу Ефес.
Турските медиуми денеска објавија дека тој е прв кандидат за тренерската позиција во овој тим иако неодамна, како таков фигурираше шпанскиот стручњак Чави Пасквал. Алимпијевиќ е веќе етаблиран во турската кошарка, имајќи предвид дека веќе три години работи таму, прво како тренер на Бурсаспор, а последната сезона на Бешикташ со кого стигна до полуфиналето на Еврокупот и во моментов е на четвртата позиција во првенството со можност да се искачи и на третото место.
Тренер на Анадолу Ефес во моментов е хрватскиот стручњак Томислав Мијатовиќ кој неодамна го замени Ердем Џан, но познато е дека тој е само привремено решение, до крајот на оваа сезона.