Македонскиот репрезентативец Амар Хот во новата сезона ќе го носи дресот на Работнички откако вчера ја прифати понудата на клубот од Градски парк.
Денеска, 21-годишниот крилен центар стави потпис на договорот на една сезона и позираше со тренерот Горан Самарџиев и со шал од својот нов клуб.
Работнички ќе биде четврти клуб во професионалната кариера на Хот кој е производ на школата на Феникс, а играше уште и во Пелистер и Вардар.


