Никола Јокиќ не играше во дербито од НБА лигата меѓу неговиот Денвер и шампионот Бостон во кое триумфираше тимот од Масачусетс.
Дуелот се играше на православниот Божиќ и тоа предизвика сомнеж кај љубителите на кошарката во САД кои сметаат дека не е точна информацијата од Нагетс дека Јокиќ не играл затоа што е болен. Во тој дух беа и коментарите на социјалните мрежи каде кошаркарските фанови беа и духовити кога станува збор за состојбата во која се наоѓа српскиот ас.
Injury Update: Nikola Jokić (Illness) will be out tonight against the Boston Celtics. pic.twitter.com/Ql3mVBXNw0
— Denver Nuggets (@nuggets) January 8, 2025
„Опуштете се, луѓе, не е болен, само морал да дремне откако изел пет килограми прасечко“, „Не е болен, туку слави Божиќ со семејството“, „Каква коинциденција, се разболел во ист ден кога во Србија се слави Божиќ“, „Не, веројатно се напил и премногу изел за Божиќ“, беа дел од коментарите под објавата на Денвер.
Дали навистина Јокиќ е болен веројатно ќе се знае вечерва кога Нагетс ги очекува уште еден тежок дуел, против Лос Анџелес Клиперс.


