Се ближи моментот кога треба да бидат познатите составите на репрезентациите за Олимписките игри во Париз, а Американците полека го комплетираат тимот кој треба повторно да го покори светот и да ја донесе петта титула по ред на најголемата спортска манифестација.
Медиумите во САД информираат дека својот настап го потврдиле најмалку седум суперѕвезди и тие сигурно ќе играат, освен ако не дојде до потешки повреди во следниот период. Станува збор за: Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џру Холидеј и Жоел Ембид, а од нив, само последниот нема златен медал и летово ќе дебитира во дресот на американската репрезентација. Неговиот настап е и најнеизвесен во моментов бидејќи Ембид доживеа операција на коленото и во моментов заздравува.
Од останатите пет места, четири најверојатно ќе бидат за Ентони Едвардс, Тајрис Халибартон, Бем Адебајор и Ентони Дејвис со тоа што се чека потврда за нив, а последниот патник за Франција би требало да биде познат на крајот од сезоната во НБА.


