На две недели пред почетокот на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз, американската репрезентација се соочува со нови проблеми во играчкиот кадар.
Тимот веќе го напушти Кавај Ленард кој е повреден, а неизвесен е и настапот на една од најголемите ѕвезди во составот Кевин Дурант. Суперѕвездата на Феникс Санс има повреда на потколеницата поради што претходните две недели тренираше индивидуално и нема да биде во комбинација за претстојните подготвителни дуели против Австралија и Србија во Абу Даби.
Селекторот Стив Кер засега не е загрижен и смета дека има доволно време за Дурант да заздрави, а ако сепак не се случи тоа, неговото место во составот ќе го заземе Џејлен Браун од Бостон.


