По Дешон Хемптон, Вардар го донесе и второто странско засилување за новата сезона која почнува идниот викенд.
Нов член на „црвено-црните“ е Кори Рејли Рос кој е повратник во македонската кошарка откако во сезоната 2020/21 беше член на Црн Дрим и Куманово. За стружани одигра три натпревари пред да се пресели во Куманово кој таа сезона се натпреваруваше и во БИБЛ лигата. На вкупно 17 натпревари, Американецот просечно постигнуваше по 12,5 поени и 4,5 асистенции.
По заминувањето од Македонија, Рос играше и во Естонија, Косово и Египет, а претстојната сезона ќе биде еден од главните адути на Вардар во борбата за опстанок.


