И женската репрезентација на САД ја освои титулата на Олимписките игри во Париз откако во финалето го совлада истиот противник – Франција.
Женското финале беше уште подраматично, Американките славеа со 67-66, а малку недостасуваше да се игра продолжение бидејќи при резултат 67-64, Габи Вилијамс погоди кош од дистанца, ама за малку ја нагази линијата за тројка и не успеа да израмни.
Со овој триумф, репрезентацијата на САД ја освои осмата шампионска титула во низа на Олимписките игри, а нивната серија сега изнесува 61 победа. Последниот пораз Американките го претрпеа на Игрите во Барселона во 1992 година и тоа во полуфиналето, од Заедницата на независни држави под кое име се натпреваруваа останатите републики од СССР кои уште немаа прогласено независност.
Најефикасна во финалето беше Ејџа Вилсон со 21 поен и 13 скока, додаде Вилијамс ја предводеше француската селекција со 19 поени.


