Поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш го комплетира квартетот странци за претстојната сезона откако потпиша договор со американскиот центар Брајс Хант.
Станува збор за играч кој првпат ќе настапува во Европа откако претходните сезони ги поминал на Универзитетот Евангел. Минатата натпреварувачка кампања одиграл 32 натпревара со просек од речиси 20 минути на меч.
Хант ќе им се приклучи на своите сонародници Мајк Грин, Ајзак Џонс и Том Куори кои веќе тренираат со Тиквеш, во очекување на стартот на новата сезона.


