Судиската тројка на синоќешниот натпревар меѓу Црвена Звезда и Барселона беше далеку од нивото за таков меч и покрај тоа што беше составена од искусни арбитри.
Во повеќе наврати, Лотермозер и неговите колеги иритираа со своето однесување, а носеа погрешни одлуки на штета на двете екипи. На тоа се осврна и поранешниот американски судија Тод Ворник кој работи како стручен соработник за порталот Баскетњуз, а кој тврди дека Звезда е оштетена. Во прашање е ситуацијата на 20-тина секунди пред крајот на мечот кога Боломбој прифати дефанзивен скок при водство на неговиот тим од 82-81.
„При доскокот, Боломбој беше удрен в лице (не е досуден фаул) и тоа му овозможи на Весели да се избори за ‘мртва’ топка. Боломбој беше повисок во потфрлањето, но Звезда не доби нов напад и задоцни да ја пренесе топката на противничка половина бидејќи поминаа осум секунди. Тренерот на Барселона жестоко реагираше и доби техничка грешка, а потоа главниот судија Лотермозер го собра својот тим и заедно ја погледнаа снимката. По прегледувањето, заклучија дека топката навистина не е пренесена за осум секунди, техничката грешка остана и играта продолжи со топка за Барселона.
Joel Bolomboy & Jan Vesely ikilisinin top kapma mücadelesi 👀 pic.twitter.com/OnXPFmRmN3
— Euroleague Time (@euroleague_time) October 18, 2024
Проблемот е во тоа што преносот на топката не може да се гледа ни правилата на ФИБА, ни по Евролига, освен ако се работи за последните секунди. Звезда требаше да вложи жалба бидејќи беше драстично оштетена, а тоа беше еден од клучните моменти на натпреварот“, вели Ворник.
Тој додава дека судиска грешка имало и на штета на Барселона во финишот од продолжението кога Гиедраитис исфрли топка во аут при дуел со Пантер, но арбитрите ѝ ја доделија топката на Звезда.


