Четврти пат по ред, Анадолу Ефес е освојувач на пехарот во Суперкупот на Турција откако во драматичен меч го совлада Фенербахче со 83-82.
Натпреварот го одбележаа големи резултатски пресврти, водството се менуваше повеќе пати, а најизразено беше во последната четвртина кога Ефес водеше со 10 разлика за потоа Фенер да се врати во игра и да поведе со 73-72. Во неизвесниот финиш, клучниот кош го постигна Илајџа Брајант на 42 секунди пред крајот за 83-79 по што Фенербахче успеа само да се доближи на -1, но не и да победи.
Ова беше 14. триумф за Анадолу Ефес во Суперкупот на Турција и четврти по ред, но мора да се знае дека од 2020 година само два пати се играше ова натпреварување. Во 2020 и 2021 беше одложено поради пандемијата со корона вирусот, а лани поради земјотресот што на почетокот од годината ја погоди Турција.
Воедно, ова беше прв трофеј за Томислав Мијатовиќ како шеф на стручниот штаб на Анадолу Ефес откако на позицијата беше назначен во февруари годинава.


