Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски апсолутно заслужено е прогласен за МВП на 10. коло од Еврокупот.
На мечот против Бург, тој беше убедливо најдобар играч со 30 поени и индекс 43 што е негов рекорд на кариерата.
Сето тоа му беше доволно за првото МВП признание во сениорска конкуренција на европско ниво.


