По три одиграни кола од групната фаза во ФИБА Европа купот, екипата на Пелистер има биланс 1/2 и се уште е со шанси да го освои второто место во својата група и да се надева на пласман во следната фаза.
Во средата битолчани доживеаја убедлив пораз од Керавнос на Кипар, во меч во кој се истакна американскиот интернационалец Кевин Брејси Дејвис со 33 постигнати поени што е рекорд на третото коло од европското натпреварување. Сепак, по првите три круга, во преден план е уште еден кошаркар на Пелистер.

Станува збор за македонскиот репрезентативец Андреј Митревски кој до моментов е најдобар „тројкаш“ во ФИБА Европа купот според процентот на уфрлени удари од дистанца. Иако е мал примерокот, 22-годишниот плејмејкер има 83,3% за тројка, убедливо подобар од Пол Едвардс Скрагс од Трефл кој исто така погодил пет тројки, но од девет шута.


