Најголемата грчка ѕвезда Јанис Адетокунбо уште еднаш покажа зошто е лидер на оваа генерација во националниот тим.
Грција ја совлада Италија со 75-66 во првото коло од Европското првенство, токму на крилјата на кошаркарот на Милвоки Бакс кој постигна повеќе од 40% од поените на својата репрезентација. Италијанците немаа лек за него, па во ниеден момент не се најдоа во водство, а најмногу што успеаја да направат е три пати да го израмнат резултатот.
Израмнето се играше само во првите седум минути, а потоа почна доминацијата на Грција која со серија од 11-0 отиде на 24-12. Италијанците не се предадоа, на почетокот од второто полувреме се доближија на само два поена негатива (34-36), ама не го направија последниот чекор, па Грција во последниот квартал ги достигна највисоките +14 (61-47) и со тоа ги реши сите дилеми околу победникот.
Адетокунбо го заврши натпреварот со 31 поен и беше единствен двоцифрен во својата селекција. Николо Мели со 15 поени заврши како најефикасен во италијанската репрезентација.


