Првата ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо постигна 30 поени на гостувањето кај Кливленд и се искачи на 50. место на вечната листа на стрелци во НБА лигата.
Тој сега има 20.077 поени, а го помине Том Чемберс кој кариерата што му траеше од 1981 до 1998 година ја заврши со 20.049 поени. Грчкиот репрезентативец пред четири дена ја мина границата од 20.000 поени, а најави дека ќе атакува и на 30.000, со оглед на тоа што планира уште долго да остане на кошаркарските терени.
Оваа сезона Адетокунбо просечно постигнува по 30,9 поени на натпревар и со такво темпо, а и со оглед на тоа што Милвоки има уште 19 меча до крајот на основниот дел од сезоната, би можел да се искачи уште три позиции на вечната листа на стрелци.


