Јанис Адетокунбо ќе го носи дресот со број 7 за Мајами Хит, иако во фан шоповоте веќе почнаа да се продаваат неговите дресови со број 34, само неколку часа претходно.
Мајами официјално ја потврди промената на бројот во понеделник откако беше објавена големиот трејд со Милвоки. Адетокунбо го носеше бројот 34 сите 13 сезони со Бакс, па Хит очигледно очекуваа тој да го стори истото во Флорида. Дресови со неговото презиме и стар број брзо се појавија во онлајн продавницата, како и во официјалните клупски продавници.
Giannis Antetokounmpo will wear No. 7 instead of No. 34 with the Miami Heat ☄️ pic.twitter.com/sgTZjGxXh0
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) July 7, 2026
Сепак, Јанис наскоро се појави на пренос во живо и навести дека ќе се префрли на број 7 во Мајами. Неколку часа подоцна, Хит официјално ја потврди промената. Навивачите кои го нарачале дресот со број 34 преку интернет ќе добијат верзија со број 7, додека оние кои веќе купиле погрешен дрес во продавницата ќе можат да го заменат или да го задржат.
Дресот на Адетокунбо со бројот 34 во боите на Мајами би можел да стане редок колекционерски предмет кој беше на продажба само неколку часа. Гркот ќе биде 14. играч во историјата на Хит кој ќе го носи бројот 7.
Пени Хардавеј, Шон Мерион, Џермејн Онил и Кајл Лоури, меѓу другите, го носеле овој број пред него.


