Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ ги суспендира помошниот тренер и службениот претставник на Работнички, Андреј Апостолски Лечиќ и Тодор Гечевски и тие нема да можат да ја извршуваат својата должност на вториот меч од четвртфиналната серија од плејофот против Феникс.
Во образложението на оваа одлука се вели дека двајцата „на висок тон и со навредливи и погрдни зборови му се обратиле судијата Александар ДАвидов, со забелешки дека судел тенденциозно, против нивната екипа“. Апостолски Лечиќ и Гечевски се суспендирани за вториот натпревар кој се игра вечерва од 18 часот во Кале.
Работнички води со 1-0 по триумфот во саботата, а серијата се игра до три добиени натпревари.


