На барање на судиската тројка, трибините во белградската Арена се празнат и остатокот од вториот финален натпревар од Кошаркарската лига на Србија ќе се доигра без гледачи.
Но, тоа носи проблеми бидејќи навивачите на Партизан побарале од стручниот штаб и менаџментот на клубот, „црно-белите“ да не играат, дури и по цена службено да го загубат натпреварот. Според информациите во српските медиуми, претставниците на Партизан ги известиле надлежните дека не сакаат да го доиграат мечот без публика, но не е исклучено да се премислат.
Оваа сезона Партизан се појави во српското првенство првпат по пауза од две сезони во кои прво ја бојкотираше домашната лига, а потоа, наводно, задоцни со пријавата.


