Грчкиот гигант Арис денеска преку социјалните мрежи се прости од својата тренерска легенда Лазар Лечиќ кој почина на 85-годишна возраст.
„Лазар повеќе не е тука, но тој никогаш нема да си замине. Секогаш ќе остане во нашите срца и души. Семејството на Арис е во тага бидејќи од денеска е посиромашно. Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме“, пишува во објавата од Арис.
Иако беше тренер само две години, од 1990 до 1992, Лечиќ остави длабока трага во клубот од Солун, пред се како човек, а потоа и со освоените трофеи – еден во грчкото првенство и еден во Купот на Грција. Титулата која ја освои тој во 1991 година, се уште е последна во историјата на Арис.


