Двајца Германци и по еден Словенец, Грк и Турчин се најдоа во идеалната петорка на Европското првенство.
Од победничката селекција, место во неа најдоа Денис Шредер и Франц Вагнер, а покрај нив имаше место и за Лука Дончиќ како најдобар стрелец, потоа Јанис Адетокунбо и Алперен Шенѓун. За најкорисен играч на шампионатот (МВП) е прогласен капитенот на Германија, Денис Шредер.

За квалитетот на првенството најдобро зборува тоа што во идеалната петорка немаше место за суперѕвезди како Лаури Марканен, Никола Јокиќ, Џеди Осман итн.


