Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов денеска го објави поширокиот список на кошаркарски за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
На списокот се наоѓаат 16 имиња со тоа што седум од кошаркарките се интернационалки. Ашаданов смета на најдобрите репрезентативки во моментов кои подготовките ќе ги почнат на 4 ноември во Кале.
По поразите од Португалија и Србија во ноември минатата година, женската репрезентација ја очекуваат дуели со Украина на 7 и Португалија на 10 ноември, двата во Скопје.
Список на кошаркарки
- Анџелика Митрашиновиќ – Плештанске Цајки – Словачка
- Илина Селцова – Вардар
- Мерит Хемпе – Олимпијакос – Грција
- Тијана Митрева – Монкалиери-Италија
- Матеа Николиќ – Бриксиа Баскет Бреша-Италија
- Милица Николиќ – Студент (Србија)
- Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција
- Нена Трајчевска – Архил-Шпанија
- Ивана Кметовска – Баскет Кам
- Сања Адамовска – Баскет Кам
- Катерина Поп-Димитрова – Баскет Кам
- Ања Начевска – Вардар
- Елена Тасевска – Вардар
- Михаела Алексовска – Крива Паланка
- Мартина Марковска – Бадел
- Мартина Блажевска – МЗТ Скопје
СЕЛЕКТОР: Александар Ашаданов


