Репрезентацијата на Турција ја оствари втората победа на Европското првенство откако ја совлада Чешка со 92-78.
Триумфот во ниеден момент не беше доведен во прашање, но малку недостасуваше да донесе еден историски подвиг. Суперѕвездата на турската репрезентација Алперен Шенѓун беше на една асистенција од трипл дабл (23 поени, 12 скока, 9 додавања), а во можноста да влезе во одбраното друштво го спречи лично селекторот Ергин Атаман.
Иако сите знаеја дека е блиску до пишување историја, Атаман го извади од игра на околу три минути пред крајот на натпреварот и повеќе не го врати на теренот. Шенѓун по мечот призна дека сакал пак да заигра, ама конечната одлука е на селекторот Атаман.
Со тоа, тој не успеа да стане прв Турчин и само петти кошаркар во историјата на европските првенства кој остварил трипл дабл. Досега такво нешто им успеало само на Стојко Вранковиќ против Грција во 1993, Тони Кукоч против Финска во 1993, Рареш Мандаче против Црна Гора во 2017 и Матеуш Понитка против Словенија во 2022 година.


