Турскиот стручњак Ергин Атаман утре ќе има шанса на кариерата да влезе во одбарано друштво на тренери кои имаат освоено титули во Евролигата и Европско првенство.
На таа листа до моментов има девет стручњаци, а Атаман може да стане десетти и прв Турчин во историјата. Се зависи од тоа дали неговата репрезентација ќе ја победи Германија во финалето од Европското првенство во Рига.
Од деветте тренери кои имаат трофеи во Евролигата (заедно со Купот на европските шампиони) и Европското првенство, најуспешни се Жељко Обрадовиќ и Александар Гомељски кои имаат десет пехари со тоа што Русинот освои девет во Евролигата и еден на континенталните натпреварувања, а Русинот има шест од европските првенства и четири од Купот на европските шампиони.
Зад нив се: Душан Ивковиќ со пет трофеи, Александар Николиќ и Мирко Новосел со по четири, Светислав Пешиќ и Сандро Гамба со по три и Богдан Тањевиќ и Дејвид Блат со по два трофеја. Атаман досега има три титули во Евролигата, од кои две со Анадолу Ефес и една со Панатинаикос, но му недостасува успех со репрезентацијата.


