Актуелниот шпански првак Реал Мадрид се наоѓа во тешка криза од почетокот на сезоната и на досегашните осум меча во сите натпреварувања оствари само три победи.
Вечерва, „кралскиот клуб“ го пречекува Панатинаикос во реприза на финалето од минатата сезона, а тој меч би можел да биде последен за Чус Матео на клупата на тимот. Иако досега управата постојано потенцираше дека му дава поддршка, шпанските медиуми тврдат дека замената е подготвена и може веднаш да почне со работа.
Станува збор за актуелниот селектор на Шпанија, Серџо Скариоло кој е без клупски ангажман откако пред една година доби отказ од Виртус. Тој работеше во Реал од 1999 до 2002, лани исто така се поврзуваше со овој клуб, но до нова соработка не дојде. Вечерва Ергин Атаман би можел да го „потпише“ отказот за Матео и да му овозможи на Скариоло да се врати во Реал.


