Селекторот на турската репрезентација Ергин Атаман е задоволен од формата на неговиот тим во пресрет на Европското првенство и смета дека ќе има што да каже на претстојниот шампионат.
На последните два теста, Турција ги победи Чешка и Литванија што беше причина за зголемување на оптимизмот кај трофејниот стручњак.
„Наша цел не е да ја поминеме групата или да играме четвртфинале. Наша цел е да освоиме медал, затоа сме овде. За 90 години, Турција има само медал, тоа е голем неуспех и би сакале да го промениме тоа. Србија делува како фаворит за титулата, има квалитетен тим, но освен неа, уште 9-10 репрезентации се кандидати за медали и за трофејот. Ние сме една од тие екипи“, смета Атаман.
Турција е токму во групата на Србија во Рига каде се наоѓа уште домаќинот Летонија, потоа Португалија, Чешка и Естонија.


