Нешто повеќе од еден месец беше потребен за Ти Џеј Шортс да ги добие првите критики од тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман.
Вечерва атинскиот тим доживеа дебакл на гостувањето кај Црвена Звезда, а својот гнев, турскиот стручњак го истури врз плејмејкерот кој минатата сезона блескаше во Париз и беше во конкуренција за МВП признанието.
„Засега, 90% сум незадоволен од игрите на Шортс и разочаран сум од него. Можеби е негова грешка, можеби наша, но нема ништо од позајмица како што пишуваат некои медиуми во последно време. Немам никаков сомнеж во Кендрик Нан и не сум загрижен за неговата форма“, рече Атаман, индиректно обвинувајќи го македонскиот репрезентативец за денешниот пораз.
Панатинаикос доживеа три порази во последните четири натпревари и во моментов, со биланс 5/4 ссе наоѓа на осмото место на табелата. Шортс во досегашниот дел од сезоната има ефект од 6,1 поен, 2,7 асистенции и 0,8 скока, далеку од бројките што ги остваруваше во Париз.


