Пораз од најголемиот ривал секогаш е болен, но тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман не дозволи тоа да се одрази на неговиот имиџ во јавноста.
Веднаш по неуспехот во финалето од Суперкупот на Грција, турскиот стручњак даде коментар во свој стил и потсети што се случи лани.
„Натпреварот беше тесен, ние загубивме, но сетете се што се случи лани. И тогаш загубивме во Суперкупот, па станавме шампиони затоа не се грижам многу иако му честитам на Олимпијакос за победата и трофејот“, изјави Атаман.
Лани Олимпијакос беше уште поубедлив, славеше со 75-51, потоа го освои и Купот на Грција, но ПАО потоа триумфираше и во домашното првенство и во Евролигата.


