По трите победи на стартот од сезоната, МЗТ Скопје денеска го очекува најтешкиот тест, гостување кај Цедевита јуниор во второто коло од АБА 2 лигата.
Тренерот Васко Атанасов е оптимист пред дуелот со тимот кој е со максимален ефект по две кола во хрватскиот шампионат и кој минатата недела славеше против Цибона. Неговото деби во АБА 2 како прв тренер на МЗТ Скопје беше лани против истиот ривал и тогаш загуби, но сега е време да се израмнат сметките.
„Сезоната ја почнавме добро, но свесни сме дека можеме и мораме уште подобро. Против себе имаме квалитетен противник, кој негува брза кошарка, стил на кој ќе мора да најдеме начин да му парираме. Веруваме во сопствените можности и сигурен сум дека ако се држиме до планот за игра дека ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа“, рече Атанасов.
Во првото коло, Цедевита загуби на домашен терен од Домжале со 79-87, па евентуален триумф вечерва (18 часот), ќе го донесе МЗТ многу блиску до пласман во следната фаза.


