Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов ги обедини сите титули во македонската кошарка откако лани триумфираше во првенството и Суперкупот.
МЗТ Скопје се соочи со многу проблеми на финалниот меч, но излезе посилен од нив ин заслжено го освои 12. трофеј во Купот.
„Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите и им благодарам што дојдоа да не бодрат.
Ние денеска игравме во грч, но игравме без Војдан Стојановски што им даде можност на некои други кошаркари да бидат херои. Што се однесува до Робев, тој по вторпат е фактор за победата овде во Битола бидејќи блесна и лани во финалето од Купот и мене ми е многу мило за тоа“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.


