Македонскиот шампион МЗТ Скопје си ја искомплицира ситуацијата во АБА 2 лигата откако синоќа загуби од Домжале во четвртото коло.
Аеродромци сега се на биланс 1/3 и потребно е да му се погодат резултатите во последните два круга за да се пласира во следната фаза. Интересно е тоа што ова е вкупно петти пораз за МЗТ Скопје оваа сезона во сите натпреварувања и сите се со еден или два поена разлика што и потенцираше тренерот Васко Атанасов во својата изјава по мечот во Словенија.
„Имавме добар напад, но ова за нас е којзнае кој пат сезонава да губиме за еден посед. Продолжуваме понатаму, го очекуваме следниот натпревар“, изјави младиот стручњак.
Во АБА 2 лигата претстои пауза од речиси еден месец поради квалификациите за Европското првенство, а во петтото коло, на почетокот на декември, МЗТ Скопје готува кај аутсајдерот во групата Теодо.


