Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов денеска ќе има можност да дојде до својот втор трофеј во Суперкупот на Македонија.
Аеродромци се среќаваат со Пелистер и ќе се обидат да го освојат седмиот пехар во ова натпреварување, а шести во низа. Шампионот делумно го измени составот во текот на летото, но сепак е фаворит не само вечерва, туку и за трите круни во домашната кошарка оваа сезона.
„Пелистер има релативно нов тим, но клучно за крајниот исход на оваа средба ќе биде начинот на кој ќе одигра МЗТ Скопје. Ако во дефанзивата бидеме како против Теодо, а убеден сум дека ќе бидеме далеку подобри во нападот, тогаш ќе бидеме блиску до посакуваниот пехар. Ја прифаќаме фаворитската улога и сигурен сум дека ќе ја потврдиме на паркетот“, изјави Атанасов.
МЗТ Скопје нема пораз во меч или серија за титула од февруари 2022 година кога загуби од ТФТ во финалето од Купот на Македонија.


