Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов дојде до петтиот трофеј со клубот од Аеродром за само 16 месеци откако беше назначен за шеф на стручниот штаб.
Ова беше негов втор успех во Суперкупот на Македонија со што почна остварувањето на целта на клубот – одбрана на тројната круна во домашната кошарка.
„Пред се, мислам дека беше добар натпревар за гледачите. Ја знаевме тежината на самиот меч, но и дека по првото полувреме ќе одиграме далеку подобро и во одбрана и во напад. Честитки до моите играчи и до стручниот штаб за прикажаната огра ѝ благодарам и на публиката за поддршката во текот на сите 40 минути. Ова за нас беше одлично отворање на сезоната и нов трофеј во Аеродром“, рече Атанасов по мечот.


