Довчерашниот играч на Партизан, Алекса Аврамовиќ во новата сезона нема да биде дел од Евролигата, но секако со големо внимание ќе ги следи дуелите во ова натпреварување.
Српскиот репрезентативец летово се пресели во ЦСКА Москва која поради санкциите кон руските клубови не може да игра во Евролигата. Во интервју за локален медиум, тој даде прогноза за тоа кој би можел да се пласира на завршниот турнир од Евролигата, а во таа група не го стави Партизан.
„Ќе навивам за Партизан и ќе ги гледам натпреварите на Црвена Звезда, во тој тим има многу мои пријатели. За шансите уште е рано да се зборува, составот на Партизан е променет, така што ќе биде многу интересно. Фаворити се четири екипи: Реал, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче“, смета Аврамовиќ.
Партизан го смени речиси целиот тим во текот на летото, остана само Балша Копривица, а донесени се големи ѕвезди, меѓу кои и поранешни НБА кошаркари.


