Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ летово го напушти Партизан и потпиша договор со ЦСКА, но може да се случи воопшто да не заигра за московскиот клуб.
Неодамна неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ ја отвори можноста да замине во НБА, а близок член на фамилијата на Аврамовиќ тврди дека тоа е речиси завршена работа.
„Аврамовиќ оди во Лос Анџелес Клиперс или Атланта Хоукс, со 99% сигурност. Преговорите се во тек и се надеваме дека се ќе заврши на обострано задоволство“, изјавил роднината на Алекса за локален српски медиум.
Клаузулата во договорот на Аврамовиќ со ЦСКА за заминување во НБА важи до 20 август. Ако се пресели во Атланта, таму ќе игра со својот репрезентативен колега Богдан Богдановиќ.


