Помладите пионерки на Бадел се нови шампионки во У12 лигата откако во денешното финале го совладаа организаторот на завршниот турнир Вардар со 44-40.
По неколку пресврти и големи осцилации во играта на двете екипи, победникот беше решен во финалните минути. По 40-40, Бадел постигна четири поени во низа, преку Серафимовска и Трајковска и на тој начин дојдоа до триумфот и трофејот.
Серафимовска беше најдобар играч на мечот со 26 поени, додека Чупиќ го предводеше Вардар со 12.
Бронзениот медал во оваа конкуренција ја освои Струга која во мечот за третото место го победи Петровски со 41-25.


