Со голема еуфорија во земјата беше примена веста дека Маркус Хауард неодамна добил порториканско државјанство и ќе игра во квалификациите за Олимписките игри.
Станува збор за најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата кој требаше да биде големо засилување за Порторико во обидот да стигне до Париз. Сепак, Хауард го нема на списокот на репрезентацијата, а причините се лични – бременоста на неговата сопруга која треба да се породи токму во периодот кога се играат квалификациите, меѓу 2 и 7 јули.
Покрај Хауард, во однос на тимот кој настапи на Светското првенство ги нема уште Џон Холанд, Џастин Рејес и Итан Томпсон, а вклучен е бекот на Њу Орлеанс, Хозе Алварадо.


