Уште од ланскиот плејоф стана јасно дека младиот тим на Минесота е криптонит за Денвер и дека шампионот од 2023 година нема одговор за него.
Ноќеска, Вулфс го растурија Денвер како гости со 115-95 и покрај одличниот Јокиќ кој постигна повеќе од третина од поените на својот тим (34). Ова е трета победа по ред за Минесота против Нагетс и шеста во последните седум пресметки, почнувајќи од плејофот минатата сезона.
Да биде уште потрагично за Денвер, Минесота може да му биде противник и во првата рунда од плејофот иако до крајот на основниот дел има уште многу за играње.
И Ентони Едвардс е особено инспириран кога игра против Денвер, па ноќеска постигна 29 поени со шест асистенции и четири скока. Победата можеше да биде уште поубедлива бидејќи во последната четвртина гостите водеа и со 26 поени разлика.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Шарлот 123-110
Бостон – Оклахома 112-118
Торонто – Филаделфија 118-105
Хјустон – Феникс 111-104
Мемфис – Јута 122-115
Мајами – ЛА Клиперс 104-119
Сан Антонио – Далас 126-116
Денвер – Минесота 95-115
Портланд – Њујорк 113-114


