Само неколку часа откако МЗТ Скопје објави дека ја прекинува соработката со Марко Баковиќ, хрватскиот интернационалец веќе има нов клуб.
До крајот на сезоната, тој ќе ги брани боите на шампионот на Хрватска, Задар што значи дека ќе се натпреварува и во АБА лигата. Тоа ќе биде негов петти хрватски клуб во кариерата по Ѓуро Ѓаковиќ, Кварнер, Горица и Цибона.

Задар сезонава е без конкуренција во домашното првенство и на пат да ја освои својата трета шампионска титула во низа. Работите не одат според очекувањата во АБА лигата каде се наоѓа на 12. место на табелата со биланс од четири победи и седум порази и засега далеку од позициите кои водат во плејофот.


