Лука Банки е вториот тренер на евролигаш кој ја напушта тренерската функција оваа сезона, по Саша Обрадовиќ кој пред две недели доби отказ од Монако.
За разлика од Обрадовиќ, кој доби отказ при серија од три победи во Евролигата и никој не можеше да го разбере потегот на управата, Банки одлучи сам да поднесе оставка бидејќи Виртус е во низа од пет порази и на последната позиција на табелата во елитното натпреварување со биланс 2/11. Со оглед на тоа што веќе утре е следниот евролигашки натпревар на тимот од Болоња, против Црвена Звезда, управата немаше многу време да најде замена, па на тој меч во улога на прв тренер ќе биде 38-годишниот српски стручњак Ненад Јаковљевиќ којо му беше асистент на Банки.
Comunicato su coach Luca Banchi ⬇️https://t.co/k7RhQKJD7Z
— Virtus Segafredo Bologna (@VirtusSegafredo) December 5, 2024
Синоќа и утринава како прв фаворит за испразнетата тренерска функција се спомнуваше Александар Ѓорѓевиќ, но во меѓувреме се сменија работите и на површина изби црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ. Според информациите од Италија, со него се преговара да го води тимот до крајот на сезоната, со можност за продолжување на договорот на уште една година.


