Црвена Звезда не успеа да ја прекине серијата на Барселона во Белград, која е едноставно непобедлива кога се појавува во Арена.
„Каталонците“ славеа со 89-79 и им ја прекинаа и серијата од седум победи на „црвено-белите“ како домаќини. Барса одигра врвен натпревар, особено во одбраната во последната четвртина кога успеа да ги запре сите најдобри напаѓачи на Црвена Звезда, а очајниот шут за три поени на домашните беше и причина за нивната одлична одбрана.
Барса водеше безмалку цел натпревар, Звезда во третиот период ја врати драматиката со тоа што израмни во неколку наврати, но решавачка беше серијата од 11-0 на гостинскиот тим по која поведе со 74-62. Нешто подоцна, по кошот под фаул на Пантер, Шпанците ги достигнаа највисоките +15 (80-65) и се до крајот на мечот беше само рутина. По овој резултат, двата тима имаат девет победи и пет порази.
Клајбурн беше најефикасен со 22 поена, Бризуела додаде 17, Шенгелија 15, а Пантер 14. На другата страна, Мекинтаер 19, Монеке 15, Нвора 12.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Барселона 79-89
Панатинаикос – Валенсија 79-89
Басконија – Милано 88-78
Виртус – Дубаи 79-78


