Покрај неколкуте засилувања, Барселона во новата сезона ќе биде во центарот на вниманието поради одлуката на раководството и стручниот штаб, во првиот тим да промовира еден од најголемите таленти во светот.
Станува збор за 13-годишно момче (во октомври ќе наполни 14), Мохамед Дабон кој веќе е висок 210 сантиметри и има распон на рацете од 230 сантиметри, а може уште да расте бидејќи не го достигнал својот максимум. Дабон е роден во Буркина Фасо, но има шпански пасош, а во Барселона е од 2023 година.
Минатата сезона беше прогласен за МВП во шпанскиот Миникуп каде против Реал Мадрид постигна 22 поена и 26 скока за индекс 46. Иако 13-годишен, настапуваше во јуниорската Евролига која е за кошаркари до 18 години и имаше одличен ефект, од 12 поени и 7,3 поени по натпревар.
Покрај Дабон, Барселона во новата сезона ќе вклучи во првиот тим уште еден тинејџер, 17-годишниот Сајон Кеита кој е висок 212 сантиметри, а дојде од Естудијантес.


